Амир Ор, роден во Тел Авив во 1956, е автор на десет поетски книги на хебрејски. Неговите песни, преведени на повеќе од четириесет јазици, се појавуваат во антологии, поетски списанија, како и во тринаесет книги во Европа и Америка. Помеѓу нив се „Песна и Ден“, „Плочи од Музејот за Време“, „Чудо“.
Ор е добитник на многу Израелски и интернационални поетски награди, вклучувајќи ја и Фулбрајт наградата за писатели, Бернштајн наградата и наградата „Оенеуми“ на Тетовскиот поетски фестивал. Член е на неколку поетски здруженија, помеѓу кои здружението на Универзитетот ИОВА, Центарот за еврејско-хебрејски студии на Универзитетот во Оксворд.
Биографија
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Амир Ор” style=”fancy”]
Амир Ор, роден во Тел Авив во 1956, е автор на десет поетски книги на хебрејски. Неговите песни, преведени на повеќе од четириесет јазици, се појавуваат во антологии, поетски списанија, како и во тринаесет книги во Европа и Америка. Помеѓу нив се „Песна и Ден“, „Плочи од Музејот за Време“, „Чудо“.
Ор е добитник на многу Израелски и интернационални поетски награди, вклучувајќи ја и Фулбрајт наградата за писатели, Бернштајн наградата и наградата „Оенеуми“ на Тетовскиот поетски фестивал. Член е на неколку поетски здруженија, помеѓу кои здружението на Универзитетот ИОВА, Центарот за еврејско-хебрејски студии на Универзитетот во Оксворд.
Ор превел на хебрејски 8 книги проза и поезија, вклучувајќи ги „Евангелие според Тома“ и„Приказни од Махабхарата“.
Студирал филозофија и компаративна религија на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, каде подоцна предавал Древна грчка религија. Предавал поезија и креативно пишување на многу универзитети во Израел, Европа, САД и Јапонија. Ор издал бројни есеи за поезија,класични студии и компаративна религија. Во 1990 Ор го основал поетското здружение Хеликон и потоа работел како главен уредник на Хеликон и уметнички директор. Тој ги започнал и развивал многубројните проекти, вклучувајќи ги поетското списание на Хеликон и серијата на поетски книги, Шаар интернационалниот поетски фестивал.
Ор работи како уредник на серијата поетски книги Катуј, како национален уредник на интернационалните поетски списанија Атлас и Блесок и како национален кординатор на потфатот „Поети за мир“ спонзориран од ОН. Тој е еден од основачите на „Програми на европската асоцијација за креативно пишување“ (EACWP) и на интернационалниот круг на поети и на движењето Светска поезија (WPM).
[/su_spoiler]
[/su_accordion]