Анат Зекарија, (родена во Тел Авив) е израелска писателка и фотограф. Дипломира фотографија на одделот за фотографија од WIZO Нери Блумфилд Академијата за Дизајн во Хаифа и Алма Колеџот за Еврејска Култура во Тел Авив. Зекарија предава креативно пишување на Отворениот Универзитет Израел. Таа е член на проектот „Уметнички стакларник за социјален активизам“во школото за фотографија и медиуми Мусрара во Ерусалим. Нејзините творештва се објавени во голем број литературни списанија. Добитник е на „Улична награда“ од градот Тел Авив, наградата „Награда за млад поет“ на меѓународниот поетски фестивал во Ша’ар, како и „Премиер“ наградата за писатели во 2014.Има објавено две збирки поезија, „Штом си убава“, од Хеликон (2008) и „Поради човечка грешка“ од Институтот Биалик (2012). Зекарија беше одбрана да го претставува Израел како дел од 204те поети од целиот свет на Поетскиот Парнас.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk