Андреј Љупка е поет, прозаист, есеист, колумнист и преведувач од Украина роден во 1987. Автор е на книгите поезија „Осум месеци шизофренија“, „Тероризам“, „40 долари плус песни“, збирките кратки раскази „Убиец“, збирките на песни преведени на германски „Notaufname“ , книгата на полски „Убиец“, бројни изданија во Украински и странски книжевни списанија. Работел и како колумнист во „Радио Слобода“, „ART Ukraine“, „Kontrakty“. Добитник е на наградите за книжевност „Деби“(2007) и „Kyiv Lawry“ (2011). Работи како куратор на интернационалните поетски фестивали „Kyiv Lawry“ (2008, 2009, 2010, 2011, 2013) и „Меридијан Черновиц“ (2012). Уредник е на посебното издание на списанието „Tygiel kultury” .