Ања Кампман е германска поетеса и прозна авторка. Добитник е на наградата MDR- Literaturpreis, како и Wolfgang – Weyrauch-Förderpreis. За нејзиниот прв роман High As The Waters Rise (2018) ја доби наградата Mara-Cassens за најдобро дебитантско дело, како и Lessing-Förderpreis. High Аs The Waters Rise е силно поетско истражување на тагата во глобализираниот свет на работниците на нафтени платформи, а оваа книга е номинирана за Германската книжевна награда. За двете свои книги ја доби и наградата Stadtschreiber of Bergen-Enkheim, а мислењето на жирито за High Аs The Waters Rise е дека тоа не е само роман, туку може да се чита и како долга поема. Нејзини дела се објавени во Akzente, модерна поезија во превод (mpT), Poesia, зборови без граници и др. Нејзината прва збирка поезија е објавена од „Карл Хансер Верлаг“ во 2016 година. Нејзините нови дела вклучуваат перформанси заедно со еден контрабасист. Живее во Лајпциг.