Aња Утлер е родена во Швандорф во 1973 година. Има студирано словенски јазици и литература и  англистика и елокуција во Регенсбург , Норвич и Санкт Петерсбург. Своето поетско деби го направила во 1999 година со збирката рецитирање, по која следат уште четири книги поезија. Во 2003 година докторирала на тема Руски женски модерни поети. Истата година ја примила Леонс-унд-Лена-Преис, најважната награда за млади поети од германското јазично подрачје. Моментално живее во Виена.