Ана Сантоликвидо живее во Бари каде е наставник по англиски јазик. Таа е поетеса, писателка и есеист и има објавено шеснаесет стихозбирки, една збирка раскази и има уредено бројни антологии. Таа е преведувач и промотор на културни активности, основач на меѓународното движење Жените и поезијата, на кое е и претседател. Таа е член на комитетот на Унијата на национални писатели и ПЕН клубот во Италија. Неодамна е избрана за почесен член на Националната асоцијација на писатели на Србија. Нејзината поезија е преведена на 16 јазици. Нејзините дела се појавуваат во многу национални и странски литературни списанија, колекции на цритички есеи и антологии. Во многу прилики има примено признанија за нејзините литературни вредности и дома и во странство.