Антанас А Јонинас, поет, преведувач, е роден во 1953 година во Вилнус. Дипломирал на Универзитетот во Вилнус во 1976 година и извесно време работел како уредник во издавачката куќа „Вага“. Во моментов се занимава со творечка работа, пишува поезија и преведува поезија од германски, латвиски и руски јазик, од кои најмаркантен превод му е „Фауст“ од Гете. Поезијата на Јонинас прв пат се јавува во печат во 1973 година и оттогаш има објавено 14 збирки песни и бил награден со сите врвни литературни награди во Литванија.