Антоанета Џони е родена во Скопје, во 1945 година. Многу млада го напуштила родниот град, менувајќи го своето место на живеење: Загреб, Париз, Лондон, Венеција, Фиренца и Сиена.  Завршила класични студии во Париз и Лондон. Денес живее во Сиена,  активно следејќи ја својата животна преокупација – поезијата, сликарството, вајарството – уметноста воопшто.