Антонио Леал е роден во 1952 година на Мексиканските Кариби. Студирал социологија на Националниот автономен универзитет на Мексико. Неговата прва книга Дурамар била објавена во 1981 година. Неговата поезија е застапена во различни антологии, а негови текстови се објавени во бројни списанија и литературни прилози. Учествувал на неколку поетски фестивали, конгреси, средби. Најновата збирка поезија, насловена Таласа! му е објавена во 2008 година.