Египетскиот поет, прозаист, раскажувач, драматург, критичар и преведувач Ариф Куцаири е роден во Луксор, Кена, пораснал во Асван, гратче во јужниот дел на Еrипет. Образован е на Каирскиот универзитет, каде студирал арапска книжевност и докторирал во 1986 година. Некои од неговите книги поезија на англиски јазик се: Лисја на дрвја (1998), Домот на мир (2008), Rubaiyyat of Arif Khиdairi (2004), Љубовни песни на Ариф Куgаири (2011) и Божествено езеро (2013). Во 2007 година, бил назначен за прв декан на Факултетот за арапска книжевност и исламска цивилизација. Куцаири е член на разни литературни друштва и тоа Друштвото на писатели на Еrипет, Интернационалната асоцијација на арапски јазик, Интернационалната асоцијација на хаику и претседател на Друштвото на поезија.