Asmaa Azaizeh poetАсма Азаизех е поет, новинар и менаџер во културата, a живее во Хаифа.
Добитник е на наградата Young Writer Award доделена од Фондацијата „Ал Катан“ во
2010 година за нејзината прва збирка поезија Liwa (2011, Alahlia). Има објавено две
книги поезија As The Woman From Lod Bore Me (2015, Alahlia, Jordan) и Don’t believe me
if I talk of war (2019, Almutawassit, Milan) која ќе биде објавена годинава и на
холандски јазик од страна на „Уитегевериј Јурген Мас“.
Приредила двојазична антологија на поезија на германски и арапски Unturned stone
(2017, Alahlia). Нејзиниот придонес и учеството може да се најдат во разни списанија,
антологии и фестивали на поезија низ светот.
Нејзините поеми се преведени на англиски, германски, француски, персиски,
шведски, шпански, холандски, црногорски, грчки, италијански и хрватски јазик.
Асма претходно работела како уредник во весници, новинар и презентер во разни ТВ
и радиостаници, но и како наставник по креативно пишување.
Моментално, хонорарно пишува за културни списанија и е уметнички директор на
книжарницата „Фатуш“, како и на фатуш-бар и галерија во Хаифа, која е простор за
музички настапи и визуелна уметност.