Атила Ф. Балаш, унгарски писател, поет, литературен преведувач, издавач е роден во Таргу Муреш (Трансилванија) на 15 јануари 1954 година. Студирал библиотекарство и книжевен превод во Букурешт. Атила Ф. Балаш е уредник на литературното списание Poesis International и е главен и одговорен уредник на списанието Szőrös КО. Добитник е на неколку книжевни награди, член е на
Друштвото на словачки, унгарски и романски писатели. Многу од неговите песни и раскази се преведени на англиски, романски, чешки, словачки, словенечки, шпански, шведски и француски.