Аурелија Ласак, родена во 1983, е двојазична поетеса на француски и окситански. На сцена често соработува со визуелни уметници, режисери, танчери а особено со музичари. Настапувала во Европа, Латинска Америка, Северна Африка, Скандинавија, Индонезија и Индија. Нејзината поезија е преведена на многу јазици и објавена е во бројни списанија и антологии. Активно се залага за лингвистичка разноликост и работи како литературен советник за фестивали во Франција и Италија. Нејзината поетска збирка Pour que chantent les salamandres е издадена на норвешки, хебрејски и англиски јазик.