Барбара Погачник (1973) е словенечка поетеса, есеистка и преведувачка. Дипломирала на Катедрата за романска филологија на Универзитетот во Лувен во Белгија, а магистрирала на Универзитетот Сорбона во Париз. Објавила три поетски збирки: Поплави (2007), Изгубена xapтиja во мноштвото (2008) и Cинилoтo на куќата (2013). Нејзините песни се
препеани на повеќе јазици (француски, англиски, полски, чешки, шпански и хебрејски), а учествувала на повеќе
меѓународни поетски фестивали и манифестации во различни држави и застапена е во повеќе антологии во Словенија. Преведува од француски јазик.