Басри Капричи е роден во 1960 година, студирал литература на универзитетот во Приштина и магистрирал филологија во 1988. Во 2004 докторирал и оттогаш работи на универзитетот во Приштина каде предава стилистика и семиотика на Одделот за општа и компаративна книжевност. Неговата поезија е вклучена во неколку антологии на албанска литература и е преведена на голем број јазици. Има издадено неколку збирки поезија.