Бежан Матур е родена во Курдска фамилија на Алеви на 14 Септември 1968 во античкиот хетитски град Мараш во југоисточна Турција. Завршила основно образование во нејзиното село, а средно училиште посетувала во најважниот културен центар Газиантеп. За време на нејзиното образование живеела со нејзините сестри далеку од своите родители. Се запишала на правен факултет на универзитетот во Анкара, но никогаш не се занимавала со право. Додека студирала,нејзините дела биле објавени во неколку книжевни списанија. Критичарите ја оценуваат нејзината поезија како “темна и мистична”. Шаманистичката поезија со паганските погледи, која припаѓа повеќе на минатото отколку на сегашноста, потсетува на нејзиното родно место на животот во нејзиното село и привлекува големо внимание.
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Беџан Матур” style=”fancy”]Нејзината прва книга, Ветрови кои завиваат низ палатите, објавена во 1996, која застранува од современиот тренд на Турските поети и нивната поезија, добитник е на неколку книжевни награди. Нејзината втора книга, Господ не смее да го виде моето слово, во 1999 била добро примена. Двете нови книги, кои биле објавени во исто време во 2002, Синовите израснати од месечината и Во неговата пустина, го продолжуваат карактеристичниот јазик и светот на слики кои се својствени за неа и нејзината поезија.
Незјините песни се преведени на 24 јазици. Има и преведена книга, со наслов Во храмот на трпеливиот Бог, која е објавена од страна на АРК во Англија.
Нејзината книга преведена на германски и француски е објавена во Луксембург од страна на ПХИ издавачката куќа.
Нејзината последна книга, Како Ибрахим ме напушти, е објавена во Март 2008 и критичарите сметаат дека тоа е нејзината најдобра книга дотогаш. Во книгата, нејзиниот нов начин на прикажување на слики се смета за мистичен. Создала своја лична онтологија и митологија инспирирана од илјада годишната суфи традиција.
Во Мај 2009, објавила албум-книга со наслов “Источната порта:Дијарбак’р”. Книгата го опишува градот наречен Дијарбак’р, кој е античката татковина на Курдскиот и Ерменскиот народ. Таа ја опфаќа историјата на градот, долга 3000 години. Низ нејзиниот поетски текст и сликите може да се види историјата на градот од античко време до денес.
Во 2010, ја објавила Море од судбина со фотографии сликани од страна на Мехмет Ѓунели по изложбата на Море од судбина во престижните галерии во Истамбул и Анкара.
Во 2010, допринела кон Сон Дефа со монолог за љубовта, изведена од страна на Тијатро Оуневи и кон Слобода со песна со наслов Планина објавена во соработка на Амнести Интернешенел.
Во Февруари 2011, ја објавила нејзината книга со наслов Поглед зад планината која е нејзината прва прозна книга за герилците од партијата на Курдските работници. За книгата, ја икачила стрмната планина Кандил, од каде што делуваат ПКР, каде прави интервјуа со герилците, за да ја разбере нивната перспектива за време на примирјето со Турската армија. Книгата е првиот чекор кон прикажувањето на личните приказни на герилците кои се наоѓаат позади границите на триесетгодишната војна.
Во есента 2011, напишала долга песна наречена “чувар на бесконечноста” за книгата Рефлектирање на Исламската уметност која е објавена од страна на Блумзбури Катар Фондација. Песната е за Астролоб (направа за мерење на висина на ѕвездите ) создадена од страна на Ал Кујанди во 10тиот век, а е изложена како експонат во Катарскиот музеј на Исламската уметност.
Збирка од нејзините песни е објавена на кинески јазик од страна на печатницата на кинескиот Универзитет во 2011.
Нејзината преведена книга со наслов Како Ибрахим ме напушти е објавена во Англија од страна на АРК во Март 2012. Книгата е одбрана од поетското општество како “најдобар превод на годината”.
Во 2013 збирка на нејзината поезија наречена Во неговата пустина е објавена во Барселона на каталонски од ЛеБреу Изданија.
Во 2014 една од нејзините песни е објавена од АРА ЛИБРЕС во Антологијата наречена “50 песни амб ангел” во која се вклучени поети како Бауделаир, Јејтс,Римбауд,Рилке, Дикинсон итн.
Во 2015 ја објавила нејзината најнова поетска збирка насловена “последната планина” нејзината книга е прифатена од читателите и критичарите како “нејзина најдобра книга”.
Од 2005 до 2012 пишувала колумни за дневниот печат. Главно, пишува за политиката на Курдите, Ерменските проблеми, дневната политика, проблемите на малцинствата, затворска литература и проблеми кои ги имаат жените. Таа е поранешен директор на фондацијата со име ФУКД (Фондација за Уметности од Културата Дијарбак’р) со седиште во Дијарбак’р. Исто така остварувала и социјални проекти за деца, жени и младите кои се протерани од нејзиното село.
Во 2011, се вработила како експерт во советот при ИДП(Институтот за Демократски Прогрес со седиште во Лондон) чиј главен фокус е решавање на конфликти во области како Северна Ирска/Англија, Јужно Афричкиот процес на мир, Шкотска, Велс, Филипини итн. Моментално работи како експерт за проблемите што ги имаат Курдите.
[/su_spoiler]
[/su_accordion]