Бенаиса Бухмала, родена во 1951г. во Мекнес, Мароко, е професор по Модерна арапска пезија и критичар на современата книжевност. Како член на Друштвото на мароканските писатели го има издадено делото Црнечката култура во современата суданска поезија, примерот на Мохамед Ал-Фитури. Други попознати дела се Сирачињата на летото… Во поезијата на Хасаб Чек Јафар, том 1 и 2. Бухмала е член на Домот на поезијата во Мароко, како и член на жирито за избор на најдобра книга во Мароко, организиран од Министерството за култура.