Бесте Сакалли е родена во 1982 година. Дипломирала во 2003 година, и веќе успеала да се докаже во полето на уметноста и литературата преку учество, органнизирање како и координирање на меѓународни поетски вечери и настани. Исто така, учествувала на голем број поетски фестивали. Песните на Сакалли се преведени на повеќе од осум јазици. Почестена е со бројни значајни награди, меѓу кои и „Наградата на турскиот свет“ за 2008 година, што ја доделува Светското здружение на млади турски писатели. Неодамна почнала да предава литература на Источно-медитеранскиот универзитет на Кипар. Досега, има објавено шест книги поезија: Синило што мириса на мир (2000), Експедиции на маргаритки (2001), Изгорен од снегот (2002), Намерно вњубен (2003), Време за тебе (2006), Нарушување (2009).