Бојан Ангелов е бугарски писател, роден на 27 август 1955 година во Панаѓуриште. Дипломирал на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”, на Катедрата по филозофија и бугарска филологија. Работел како уредник и главен уредник во софиски изданија, во Министерството за култура на Република Бугарија, во Комитетот за радио и телевизија. Постдипломските студии ги заокружува во Институтот за филозофски истражувања при БАН со одбранет докторат. Предава и специјализира во областа на гетеанистиката и антропософиската естетика, во областа на историјата на филозофијата, социјалната и педагошката психологија. Автор е на деветнаесет стихозбирки на бугарски јазик. Неговите дела како самостојни изданија или како дел од зборници и периодични изданија се преведени на неколку јазици. Преведува од германски, руски, француски и грчки. Работи како директор на издаваштвото „Бугарски писател”, а неодамна беше избран за претседател на Друштвото на писатели на Бугарија.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk