Роден е 1957 година во Краљев Врх, Врбовец. Дипломирал на Филозовскиот факултет во Загреб на групите Југословенски јазици и книжевност и Компаративна книжевност. Објавил петнаесетина книги со поезија, критика, есеистика (вклучително и антологии, избори и прегледи на хрватски и во превод на други јазици), меѓу кои: ErosEиropa- Arafat, 1980, Западно-источен пол, 1983; Пресоблекување на авангардата, 1983; Меланхоличен летопис, 1988; Екрани на признание, 1992, 2001; Фантом на слободата, 1994; Темно место, 2005; Три крокодили (со Сенко Карузо и Мирослав Миќановиќ), 2005; Записи oд пустиот јазик, 2011; Движење на отпорпустиот, 2011; Полна месечина во Стамбол, 2012 и избор од поезијата настаната меѓу 1980-2012 под наслов Наназад, 2014. Меѓу повеќето награди во 2013 година ја добил наградата „Горанов венец”, најзначајната поетска награда за севкупен придонес во хрватската поезија.