Роден е во с. Слатино, Охридско, на 21. 6. 1954 г. Поет, литературен критичар, есеист, преведувач, новинар, издавач. Повеќе години работел во културната рубрика на в. Нова Македонија. Бил главен уредник во издавачката куќа Култура, редактор на литературното списание Стремеж од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа Макавејво, Скопје, управник на Македонскиот народен театар, директор на градската библиотека Браќа Миладиновци. Цветкоски е добитник, за видни заслуги и постигнувања во развитокот на светската литература, на орденот Владимир Мајаковски, што го доделува Сојузот на писателите на Русија. Дела: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985; Пластови и глас, критики, 1989; Пресна пепел, поезија, 1990; Возбудени македонски дијалози, интервјуа, 1990; Подарена сол, избрана поезија, 1991; Обетки од ѕвезди, поезија за деца, 1991; Дела и доблести, критики и есеи, 1992; Молитвен веј, поезија, 1993; Критички загледувања, критики и есеи, 1996; Повисоко од животот, критики и есеи,1997; Синори, поезија, 1998; Ек и одек, критики и есеи, 1999; Името, Родот, Имотот, поема, 2000; Скрб, поезија, 2002; Имиња и теми, критики, 2003.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk