Роден е во Скопје, 1960 г. Поет, раскажувач, публицист, новинар, редактор на Македонско дело и на литературниот месечник АКТ и Форум плус. Студирал новинарство на скопскиот Универзитет Кирил и Методиј. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Дела.: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жената муза (1994), Демоника, Мојот кинески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006).