Бруно Дусеј, роден во 1961 година во Јура, е писател и издавач. По раководењето со издаваштвото Сегерс, што денес е замрзнато, тој решава да основа издавачка куќа наменета за одбрана за светската поезија и за воинствените вредности што ја
поттикнуваат. На личен план, тој е автор на богато и разновидно дело во кое ги меша критичката анализа и поезијата, отпорот и лириката, како и поетските антологии што ги објави за издавачките куќи Галимар и Сегерс.