Карлос Ернесто Гарсија, роден во 1960 година, е поет, писател и дописник. Автор е на три збирки поезија, најновата со наслов Куферот на таванот (2009), како и на книги проза. Како гостин на различни јавни и академски институции, Карлос Ернесто Гарсија, кој од 1980 година живее во Барселона и чија поезија е преведена на англиски, кинески, португалски, италијански и арапски, има посетено различни градови во Латинска Америка, Азија и Европа. Моментално работи како директор на културниот продуцент C&Duke, со седиште во Шпанија.