Чарлс Флорес, поет, писател, новинар и радио и телевизиски презентер, е роден во Калкара во 1948 година. Се образувал на повеќе коелеџи во Малта, како и на Интитутот за новинарство во Белград и Школата за комуникации на Скракуза универзитетот во Њујорк
Флорес е познат и во полето на менаџмент со медиуми. Автор е на повеќе литературни текстови на малтешки и англиски јазик. Неговата поезија е преведена на арапски, италјански и српско-хрватски јазик. Во 1996 година ја добил наградата за куса приказна за регионот Европа/Канада. Оженет е со Маргарет со која има две ќерки, Рина и Давида.