Консуело Т. Фицџералд (роденa во Панама, 1957) е поет, раскажувач и продуцент. Автор е на 8 книги поезија, од кои најновите се „Книга на склоности“ (2000) и „Песни без книга“ (антологија, 2003), три збирки кратки раскази, една новела и една театарска претстава. Нејзините песни се вклучени во неколку антологии и литературни списанија во Панама и пошироко. Нејзиното творештво е преведено на англиски, француски, холандски, романски, руски, португалски, шведски и Бенгалски јазик (Индија).
Во моментов таа работи како продуцент на Кристол ФМ (радио) во националниот радиодифузен систем и е директор на Радиодифузна театарска компанија.