Козмин Перта е романски поет и романсиер. Роден е 1982 во Вишеу де Сус, област Марамуреш, а дипломирал на Универзитетот „Бабеш-Болјаи“ во Клуж-Напока на Факултетот за книжевност. Студиите по книжевност ги продолжува на Универзитетот во Букурешт, каде се стекнува со магистратура по современа книжевност и докторат со дисертација за источно-европска фантастична книжевност. Има издадено пет збирки поезија и пет романи. Во 2014 бил награден со звањето „Најдобар млад романски поет“. Делови од неговите дела се објавени на 13 јазици. Има над 250 осврти на неговите дела во романски и други меѓународни списанија за култура.