Данаја Сиозиу е родена во 1987 и израснала во Карлсруе, Германија и Кардица, Грција. Дипломирала англиска книжевност на Универзитетот во Атина, магистрирала културен менаџмент на Универзитетот Пантеон, а втората магистратура по европска историја ја стекнува на Универзитетот во Атина. Нејзините песни, статии и преводи се објавени во многу списанија и весници (Тефлон, Политики, е-поема, Букс журнал, Трака и Бруклин реил се само дел). Нејзините песни се преведени на шест јазици (англиски, германски, француски, шпански, каталонски, хрватски). Добитничка е на наградата „Џанис Варверис“ за млади писатели, а била и во најтесен избор за наградите „Анагоностис“ за млади писатели и „Жена на годината“.