Роден е во Бајан-Овоо, област БајанХонгор, 1956 г. Во современата монголска поезија тој е еден од водечките поети. Добитник е на највисоката литературна награда на Монголија Д.Нацагдорж. Со пишување започнува во осумдесеттите години на минатиот век. Има објавено 15 книги поезија. Неговите дела изобилуваат со музика и со чувства, и се привлечни за широката читателска публика со моќта на нивните хумани пораки. Беше избран за редовен член на Светската академија на уметност икултура на Меѓународниот конгрес во Акапулко, Мексико, во 2008 год. и во Будимпешта, Унгарија, во 2009 год. Неговите дела се преведени на руски, англиски, кинески, шпански, корејски, шведски и на македонски јазик.