Димитрис П. Краниотис (1966) е школуван доктор кој живее и работи како специјалист по интерна медицина во Лариса, Грција. Автор е на четири збирки поезија: Траги (1985), Глинени лица (1992), Лажен стих (2005) и Дини (2007). Песните му се преведувани на англиски, француски, романски, бугарски, српски, албански, холандски, турски, шпански, португалски и бенгалски, а ги обработуваат грижите, стравовите, безизлезноста, мечтите и надежите на современиот човек.