Дмитри Голинко, роден во 1969 година во Ленинград, е поет, книжевен и ликовен критичар, како и проучувач на историјата и културната теорија. Магистрирал и докторирал од областа на рускиот јазик и книжевност, како и историја на уметност на Државниот педагошки универзитет во Санкт Петербург.
Творештвото на Дмитри Голинко ги вклучува Хомо Скрибенс; Како што испадна; Директорија; Бетонски гулаби, како и најновата Што бидна и други аргументи. Голинко е добитник на бројни стипендии, меѓу кои „ЦЕЦ Артслинк“ престој на УП-ен, програмата „ДААД“ Уметници-во-Берлин, „КултурКонтакт Австрија“, како и „Интернационална програма за пишување“ при Универзитетот Ајова. Моментално предава филмска теорија и работи како независен експерт во полето на современата визуелна култура.
Збирки поезија: Што бидна и други аргументи, Москва: Њу литерари обсервер, 2013; Како што испадна, Њујорк: Агли даклинг прес, 2008; Betonnye golubki (Бетонски гулаби), Москва: Њу литерари обсервер, 2003; Директорија, Москва: Арго-Риск; Твер: Колона, 2001; Хомо Скрибенс, Санкт Петербург: Бореј-Арт, 1994.