Роден во 1987, Дмитро Чистјак е поет, раскажувач, книжевен критичар, филолог и новинар. Зборува украински, француски и руски. Работи како асистент на Државниот  Универзитет во Киев Тарас Шевченко, книжевен преведувач, шеф на одделот за книжевна и научна критика Mova ta istoria, уредник на издавачката куќа O.Zhovtyi. Има издадено 17 книги (поезија, раскази, преводи, есеи, книжевни преводи) кои му донесле државни и интернационални награди во Украина Превел многу автори од француски и добитник е на најпрестижната награда за превод во Украина Максим Рилски (2013). Член е на Друштвото на писатели на Украина, огранокот за француски јазик на ПЕН клубот на Белгија.