Donika Dabishevci поетДоника Дабишевци (1980) е родена во Приштина, Косово.
Дипломирала aлбанска книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот во
Приштина, каде што и ги завршила магистерските студии.
Со докторски студии продолжува на Катедрата за книжевност на Универзитетот во
Тирана, а нејзината докторска дисертација е со наслов „Прозната поезија на
албанската книжевност“.
Предава на приватен Универзитет во Приштина, а нејзиното професионално
искуство е тесно поврзано со медиумите, бидејќи работела во РТК 13 години, а веќе
две години управува со „Газета Оберсвер“ и е уредник на оваа новинска страница.
Дабишевци издала пет книги: Krizantema të plasura (1996); Imazhe të brishta (2004),
Proza e poetizuar – F.Konica, M. Frashëri, E. Koliqi, M. Camaj, M. Hanxhari (2015), Kam
meardhë si deka (2015), La tua robinja Romë, (2017.)
Таа е член на косовскиот ПЕН центар и Клубот на поети на Косово.
Своите студии и дела ги презентирала на десетина конференции и семинари
поврзани со албанологијата и новинарството.
Нејзината поезија е преведена и објавена на англиски, германски, турски, шведски,
романски, бугарски и други јазици.