Дорта Јагиќ е родена на 6.11.1974 во Синија.
Дипломирa на Филозофскиот Факултет “Исусова дружба”(филозофија и религиска култура). Пишува поезија, кратка проза, патописи, есеи, драмски текстови и театарски критики. Од 1999 се занимава со педагогија и режија во аматерски театар. Со години води работилници за пишување поезија и создавање преводи од aнглиски и германски. Нејзини поединечни песни се преведени на дури дваесет странски јазици, а исто така дел е од повеќе странски и домашни поетски антологии. Низ годините е гостин на повеќе светски фестивали на поезијата. Нејзините објавени дела се следните: -Листот над главата, песни (СКУД “И.Г. Ковачич”, Загреб,1999). Томагочи ми умре на рацете, песни (Мендар,Загреб 2001), Ѓаволот и немажената жена, песни( АГМ,Загреб,2003); – Големината на долгот,песни (АГМ,Загреб 2007). -Кичма, кратки приказни, (Аор, Загреб 2009) -Со тетоважа не си сам, кратки приказни,(ХДП и Јесенски и Турк,Загреб, 2011) – Кауч на плоштадот, песни (ХДП, Загреб, 2011)- Мал речник на библиски жени, лексикон, (Мали Ѕвона,Загреб,2013)- Полузаспан на пазарот, песни (Институт на Култура Миејские, Гданск,2013) -Ходници и пукнатини, патописи,( Јесенски и Турк,Загреб,2015)- Ножот на Кафка, песни( ХДП,Загреб,2015) -Високо Це, песни (Скална Ружа, Словачка). Добитник е на бројни награди меѓу кои и : -“Горанова Пролет”, 1999; Награда за кратка приказна од списанието “Вијенац”,2001; Награда за претставата “Јелка кај иванови”, СКАЗ, 2002.;”Балканска главна награда за поезија”,2007 – Романија; Награда на 43тиот Вечерњаков натпревар за кратка приказна,2008;Награда на 14тата Меѓународна средба на издавачи во Пазино- стипендија во Грац за збирката на приказни “Кичма”,2010;”Книжевната награда за Европски поет на слободата” која ја доделува градот Гданск(Полска), за збирката песни “Кауч на плоштадот” (ХДП,2011) 2014.