Душко Новаковиќ е роден во 1948 во Подгорица, Црна Гора. Се школувал во Црна Гора, Македонија и Србија. Во Белград студирал југословенска и светска книжевност на филолошкиот факултет. Работел како поетски уредник во неколку весници и списанија за книжевност, а објавил повеќе од десет стихозбирки. Лауреат е на најзначајната награда за поезија во Србија „Васко Попа“ (2004). Преведува поезија и проза од македонски јазик и објавил антологија на современата македонска поезија. Неговите песни, одделно и во антологии, се преведени на повеќе светски јазици: француски, англиски, германски, италијански, шведски, романски, полски, чешки, словачки, турски, унгарски, хинду, македонски, словенски, бугарски. Член е на српскиот Центар ПЕН. Живее и работи во Белград.