Роден е во Негрево на 6. 11. 1946, поет, есеист, критичар, преведувач (Пушкин, Лермонтов, Расин, Валери). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на СВП. Во поезијата на Клетников, пишува В. Урошевиќ, има многу восхит, празнување, славење на блесокот и сјајот, но зад тоа мноштво од светли и химнични емоции се наѕира секогаш едно темно претчувство, едно ескалативно навестување на темнината. Дела: Модер вир, 1977; Зраци и самраци, 1978; Окото на темниот, 1980; Песни за Огнен, 1983; Икра и крило, 1984; Гласови, 1987; Триок, 1989; Магновенија, 1992; Маж и жена со лице спроти ѕвездите, 1994; Прасјај, 1995; Троја, 1996; Живиот камен и др. Автор е и на книгите со есеи и критика Орион, 1986; Јатка; Во потрага по целината, како и на неколку антологии на македонската поезија. Застапуван е во повеќе антологии на современата македонска поезија.