Еленор Ливингстон, родена во 1957г, е шкотски поет, рецензент и уредник. Нејзините дела се постојано објавувани ширум Велика Британија, Ирска и САД.
Дипломирала на Универзитетот Ст. Андреј, каде што работи привремено како пара – легален тутор по креативно пишување. Од 2005г. таа е директор на Шкотскиот интернационален поетски фестивал кој се одржува секоја година во Ст. Андеј. Еленор многу често учествува на поетски читања низ Обединетото Кралство, уживајки во читање на нејзината поезија. Во 2008 година учествувала на Литванскиот фестивал Утена. Некои од нејзините најнови дела се: Последниот крал на Фајф ( 2005 ), и Примерок ( 2008 )