Родена е 1986 во Приштина, Косово. Студирала албански јазик и литература на Универзитетот во Приштина.  Своите први стихови ги напишала на рана возраст, а во 2004 година, на 17-годишна возраст ја објавила својата прва кига Трендафил на тишината. Нејзината втора книга Винидра е објавена 2008 година во Приштина. Нејниното творештво е објавувано во различни национални и интернационални книжевни списанија и антологии (Lichtungen, Praire Schooner, Poetry from five continents, Iz Pristine sljubavlju, Exile writers Inк). Ервина работела како автор и модератор на неколку локални радиостаници во Приштина, каде живее. Учествувала на неколку поетски фестивали.