Роден е на 5. 8. 1907, починал на 19. 3. 1997 година. Еден од најважните француски поети од втората половина на 20 век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик. Роден е во Карнак, Бретања. Откако добива диплома по математика во 1926 година, влегува во администрацијата на Азак, а подоцна е дел и од Министерството за финансии и економија. Станува симпатизер на комунистите уште во текот на Шпанската граѓанска војна, поради што од 1942 година станува и активен член на Комунистичката партија. Тука се поврзува со Пол Елијар. На партијата ì останува верен с до 1980 година. Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизикиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите. Во 1976 година Гилвик ја добива Големата поетска награда на Француската академија, а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Неговата поезија е тешка, густа и натопена со голема љубов кон луѓето, растенијата, животните, кон основните материи на животот (оган, светлина, плима и осека). Дела.: 31 сонет, 1954; Карнак, 1961; Сфери, 1963; Водоземни, Град, Евклидиски и др.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk