Фатима Захра Бенис е родена во 1973 година. Ги издала збирките песни: Емоции на бегството, Меѓу рацете на една месечина, Желби на душата. Член на Сојузот на писатели на Мароко, на Сојузот на арапските писатели на Интернет, претседател на литературниот комитет на Здружението „Глас на жените“. Нејзини песни се преведени на шпански, француски и англиски. Добитник е на неколку награди за поезија.