Гаетано Лонго е роден во Трст во 1964. Тој е поет, преведувач, новинар и боен репортер. Во моментот е конзул на Колумбија и уметнички директор на Меѓународната поетска награда на Трст. Објавил 8 збирки поезија, како и еден роман. Негови песни се преведени на 12 јазици. На Македонија има објавено две книги поезија, во 1994 и во 2006 година. Во 1997 година ја добил наградата Нова Македонија за најдобра песна на Струшките вечери на поезијата. Член е на различни академии и фондации во Куба, Перу и Бразил.