Гајат Алмадун е палестински поет роден во Дамаск, 1979. Живее во Стокхолм од 2008 година. Алмадун има објавено четири збирки поезија, од кои најнова е Адреналин во Милано 2017. Во Шведска преведени и објавени се неговите две збирки: Асилансокан (Ерсатз, 2010), која е наградена со „Клас де Вилдерс стипендифонд“ наградата за писатели имигранти. Тој е, исто така, автор на До Дамас (Алберт Бониерс, Форлаг, 2014) заедно со шведската поетеса Мари Силкеберг, книгата која е вклучена на книжевната критичка листа за „Најдобра нова книга“ во Дагенс Нихетер (најголемиот шведски весник) и адаптирана во радио драма за Шведското национално радио. Заедно со Силкеберг, Алмадун создал и неколку поетски филмови. Неговите дела се преведени на шведски, германски, грчки, словенечки, италијански, англиски, холандски, француски, дански, шпански, чешки, хрватски, албански и кинески јазик.