Родена е на 9 јуни 1987 година во Арвајхер, во провинцијата Оворхангај во Монголија. Таа е истакната претставничка на современата монголска поезија и една од водечките имиња од најмладата поетска генерација.
Во 2008 година ги завршила студиите на Факултетот за трудови студии, а во 2011 година дипломирала новинарство на Факултетот за радио-телевизиско новинарство. Во 2017 година дипломирала на Институтот за психологија на Државниот универзитет во Улан Батор, а на истиот Институт магистрирала во 2018 година.
Работи како психолог во социјалната институција „Деца на Сонцето“ во Улан Батор, Монголија.