Родена е во Бурдур (Јужна Турција) во 1982. Дипломирала на отсекот за Англиски јазик и книжевност на Универзитетот во Истанбул во 2004. Магиститрала во 2008 и сега го спрема докторатот на истиот отсек.
Нејзината прва песна била издадена во 1997 кога имала петнаесет години. Истата година била наградена во Јашар Наби Најр како надежен поет. Во 1999 ја добила наградата за поезија „Али Риза Ертан“.
Нејзината прва книга поезија „Во моето ќоше“ била издадена во 2000 (кога имала осумнаесет години). Оваа книга ја добила наградата за поезија „Орхан Мурат Арибурни“. Ја освоила наградата „Берна Морган“ доделена од универзитетот во Истанбул во 2003. Нејзината втора книга „Можеби безшумно“ била издадена во февруари 2008.

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Гонџа Озмен” style=”fancy”]

Пишува за неколку книжевни списанија и весници од 1997. Таа е една од уредниците на списание за книжевен превод „ Çevirmenin Notu“ со нејзините пријатели.
Освен во Турција, учествувала на интернационални поетски читања во Хајделберг, Хамбург, Берлин, Парис и Словенија. Нејзините дела се преведени на шпански, француски, англиски, германски, словенски и персиски.
„Морето Внатре“ (Одбрани песни, преведени од Џорџ Месо) е издадена од Shearsman Books во Февруари 2011.
Од 2000 живее во Истанбул.

[/su_spoiler]
[/su_accordion]