Горан Чолакхоџиќ е роден во Загреб во 1990 година, а моментално живее во Самобор.
По завршувањето на основното образование во Самобор и средното образование
во Загреб, дипломирал на Одделот за англиски и романски јазик и книжевност на
Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб.
Во 2014 година ја напишал стихозбирката со која ја добил хрватската награда „Горан“
за млад поет во март 2015 година. Истата година книгата била објавена во Загреб под
името
На крајот од таа градина.
Во јули 2015 година ја освоил првата награда на загрепскиот фестивал „Петрарка
Фест“ за најдобар сонет. Откако ја освоил првата награда, неговите песни биле објавени
во бројни списанија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Белгија. Исто така
бил објавуван на онлајн портали во Хрватска и земјите од бивша Југославија.
Во 2016 година бил избран за претставник на Хрватска за проектот Версополис.
Учествувал на јавни читања, дискусии, разни книжевни настани, како жири на помали
книжевни конкурси и други слични проекти.
Неговите песни се преведени на англиски, романски, полски и холандски јазик.