Ги Гофет е роден во Жамоин, 1947 година во близина на француско-белгиската
граница. Живее и работи во Париз. Поет и прозен писател. Објавил триесетина книги.
Неговите книги се преведени на повеќе од дваесет јазици. Еден избор од неговата
поезија е објавен на македонски (во превод на Љубиша Стојановиќ) во 1992 год. под
наслов Икаровото успение. Tворештвото на Ги Гофет е плодно и составено од бројни
книги поезија, романи, раскази, есеи, драми и две драмски-романсирани биографии
на Верлен. Тој подготвува избори и пишува предговори за различни објави на поети.
Соработувал со енциклопедии, што го збогатило неговото знаење како одличен читател
и поет.
Помеѓу неговите поетски збирки се истакнуваат: Пофалба на една провинциска кујна,
Ветениот живот, Збогум на шумските чистинки, Ситните безначајности чувани за совршени денови.
Од бројните награди кои ги добил за своето творештво, се издвојуваат следниве:
во 1989 година наградата Маларме, во 2001 врвната награда за поезија на Француската
академија, а во 2010 наградата Гонкур за целокупното негово творештво.
Член на Комитетот за читање и рецензирање ракописи на издавачката куќа Галимар.

Песни: