Хај Ан, псевдоним за Ли Динг-Јун, е кинески поет и преведувач роден во Таизху, провинција Цеџијанг. Студирал на катедрата за странски јазици при Универзитетот Ханзу. Сега е вонреден професор на факултетот за странски јазици и книжевност на Универзитетот Фудан, Шангај. Исто така, заменик главен уредник на Современ поетски тримесечник (двојазичен), основан во Хонг Конг. Автор на многу книги меѓу кои Одбрани песни од Хај Ан (2001, 2003) и Стогодишна антологија на западно-кинеска поезија во препев (2007). Во 2007 година бил поканет да учествува во петнаесеттиот Меѓународен поетски фестивал во Росарио, Аргентина. Во 2009 година, бил поканет да земе учество Вториот меѓународен поетски фестивал на езерото Кингај во Кина.