Роден во 1947 година во заратустранска бизнис фамилија од Бомбај, Индија, Хошанг Мерчант дипломирал втор по успех во својата генерација (1968 година) со англиски јазик како прв и култура на Индија како втор предмет. Магистрирал на Колеџот Осидентал, Лос Анџелес. Специјализирал ренесанса и модернизам на Универзитетот Пердју, каде што подоцна докторирал. Почнувајќи од 1989 година, објавил 13 збирки поезија. Помогнал во оформувањето на движењето на хомосексуалци во Пердју. По заминувањето од Пердју во 1975 година, Мерчант живеел и предавал во Хејделберг, Иран и Ерусалим. Го проучувал будизмот во Тибетската библиотека во Дарамсала, Северна Индија, како и исламот во Иран и Палестина. Моментално предава поезија и надреализам на Универзитетот Хидербад и не е во брак, по свој сопствен избор.