Хусеин Хабаш е поет од Африн, Курдистан, а живее во Бон, Германија. Роден е во 1970. Пишува на курдски и арапски. Дел од неговите песни се преведени на многу јазици, како: англиски, германски, шпански, француски, кинески, турски, персиски, албански, узбекистански, руски и романски. Избор од неговите песни се објавени во многу меѓународни поетски антологии. Ги напишал следните книги: Давење во рози (2012), Бегалци преку реката Иврос (2004). Повисоко од желбата и повкусно од бедро на газела (2007), Заблудите на Салим Баракат (2009), Летечки ангел (текстови за сириски дечиња) (2013). Учествувал на многу меѓународни поетски фестивали, на пример во Колумбија, Никарагва, Франција, Порторико, Мексико, Германија, Романија, Литванија, Мароко, Еквадор, Ел Салвадор, Косово, Костарика…