Игор Ремс, поет и сликар, роден е во Бар во 1957 година. Се школувал во Бар и Белград. Ги има објавено следните поетски книги: На вратите на царството небесно (1996), Дива река (1996), Градови (1998), Аџилаци (1999), Аџилаци (второ дополнето издание, 2004), Wallhafrten, (2005), Слеп од светлост (2007) и Во огнот спијат боите (2008). Добитник е на книжевната награда „Povelja Rastko Petrović“, 2000, Белград; меѓународната книжевна награда „Naji Naaman“, 2003, Либан; „Kočićevo Pero“, 2006, Бања Лука. Преведуван е на германски, англиски, полски и бугарски јазик. Член е на Друштвото на писатели на Србија, Друштвото на писатели на Црна Гора и Друштвото на писатели на Германија. Имал повеќе самостојни и групни изложби. Живее во Бар и Келн.